X
 25.04.2017 Култура

Неверојатна измама: луксузен бренд ја украде популарната торба за пазарење на „Икеа“


Внатрешност во маркет
(Фото: Getty images)

Да се смее или да плаче човек: „Баленсијага“ познатата луксузна модна куќа, лансираше нова торба која сите ја препознаа како легендарниот „зембиљ“ што со години го продава „Икеа“.

За да биде уште „потрагично“, „Баленсијага“ својот нов производ го нудат по цена од 2.000 евра, а речиси истиот во „Икеа“ може да се купи по цена од 99 евроценти.

Социјалните мрежи едвај го дочекаа овој пех, па на сите страни се споделуваат фотографии кои покажуваат како се измамува елитата, затоа што дизајнот е буквално украден од „Икеа“.

Дури и следеше реакција од шведската компанија  во која истакнаа дека торбите изгледаат „неверојатно слично“.

„Се чувствуваме почестени затоа што торбата на „Баленсијага“  наликува на нашите биоразградливи торби кои чинат 99 центи. Ништо не може да ја победи практичноста на големиот син зембиљ“, велат од „Икеа“.

Во сличноста уверете се самите:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура