X
 25.04.2017 Живот

Што е спремно едно дете да направи за да игра видео игри

Натан е седумгодишен основец од Америка кој го освои интернетот со начинот на кој ги моли родителите да му дозволат да игра игри.

писмо
Фото извор: Screenshot Imgur


Тој направил лажна објава од училиштето во која родителите се информираат дека синот има добри оцени по сите предмети освен видео игри, и дека итно мора да му дозволат да игра колку сака.

„Драги родители, Натан е добар во сите училишни предмети освен еден: ВИДЕО ИГРИ! Ако не остане буден цела ноќ за да игра, ќе биде избркан од училиштето!!! Почнете да му дозволувате да останува буден цела ноќ, и почнете веднаш! Може да игра на било што, компјутер, Ајпод, Ајпад, мобилен или било што друго електронско. Испраќа: Училиштето“ – напишал  Нејтан.

Мајката не можела да престане да се смее кога ја видела порака. Тој веќе им ја покажал пораката на своите пријатели, што значи дека не се срамел од својот план, туку сакал да проба, па ако успее, ќе игра игри. Лори ја објавила фотографијата на Редит.

Пораката на Натан донекаде успеала затоа што таа вечер му дозволиле да игра игри половина час. Од игрите ги сака “Minecraft”, Марио, “Solar Two”, “Kerbal Space Program” и “Pokemon Go”.


1
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот