X
 28.04.2017 Култура

Хонорарите не ѕвездите на „Game of Thrones“ ќе рушат рекорди

тронови

Минатото лето се шпекулираше дека главните ликови од популарната серија „Game of Thrones“ - Питер Динклаџ, Кит Харингтон, Лина Хедеј, Емилија Кларк и Никола Костер-Волдо, ќе добијат по половина милион долари за секоја епизода од 7-та сезона.

Но, се чини дека нивните хонорари се нешто поголеми и ја надминуваат оваа сума.

Според некои британски портали, после потпишување на новиот договор кој ги обврзува да глумат во 7-та и последната, 8 сезона, заработката на ѕвездите од „Game of Thrones“ достигна 2.57 милиони по епизода.

Доколку биде исплатен толкав хонорар, ова би можела да биде најголемата сума која еден актер ја добил во историјата на телевизијата.

Со милион долари заработка по епизода, засега рекордот го држи серијата „The Big Bang Theory“, а веднаш после неа е серијата „Friends“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура