X
 29.04.2017 Технологија

„Google Maps“ со нова опција: Ви покажува каде сте го паркирале автомобилот

mapi

„Google Maps“ на своите корисници од сега им нуди нова можност, односно им помага да го пронајдат својот паркиран автомобил. Опцијата првично беше бета верзија од „Google Maps“ од март оваа година и тоа само за корисниците на оперативниот систем „Android“, но сега е достапна за сите корисници на уреди со оперативен систем „Android“ и „iOS“.

За опцијата да се активира на „Android“ на екранот треба да ја допрете сината точка и да изберете „Save your parking“, после што на мапата ќе се појави знак кој ја покажува локацијата на вашиот паркиран автомобил.

Може да додадете и потсетник, односно попрецизни инструкции за подоцна или да додадете тајмер со 15 минутен потсетник, да ја испратите локацијата на вашиот автомобил до пријател како и да направите фотографија од местото на кое е паркиран автомобилот.

За корисниците на iPhone процедурата е иста - притиснете ја сината точка и изберете „Set as parking location.

После тоа корисникот ги добива истите опции како апликацијата за „Android“. Важно е да знаете дека ова е различна опција од автоматското откривање на местото за паркирање кое открива каде сте паркирале без ваша интервенција.

За да ја добиете новата опција, потребно е да ја преземете надградбата од „Google Play Store“, односно „App Store“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија