X
 02.05.2017 Образование

Колкава е платата на македонските наставници во споредба со нивните колеги ширум светот?

Македонските наставници помеѓу најниско платените во средна Европа.

наставник

Колку просветните работници ширум светот се платени за нивната работа? ТЕД интервјуираше 16 наставници ширум светот кои одговорија на прашањето за висината на платата, која подоцна е споредена со останатите трошоци.

Сите интервјуирани наставници доаѓаат од државни училишта, од различни краеви ширум светот - од Америка, канада, преку западна и источна Европа, јужна Африка, Азија, и Австралија. Полот на наставникот не е познат.

Наставничка плата во Торонто во едно канадско училиште за деца со аутизам изнесува 2.860 евра, а интервјуираната личност за двособен стан од платата издвојува 1.280 евра. Здравственото осигурување во Канада е бесплатно, па дополнителни трошоци за тоа не се потребни. Во земји како Америка, интервјуираниот наставник по музичка зема плата од 1.920 евра, од кои 600 ги одделува за поголем стан, додека 90 евра издвојува за здравствено осигурување.

Наставничка од Лондон само што завршила факултет се вработила, а плаќата изнесува 3.240 евра, додека месечно за кирија издвојува 1.030 евра и има цимер во двособниот стан. За здравство не плаќа. Наставничка плата за професор по математика и музичко во Килдар изнесува 2.890 евра, од кои 460 дели за домот, кој го дели со сопругот, а 190 евра за приватно здравствено осигурување.

Во Осло, Норвешка, наставникот по природни науки и математика заработува 4.000 евра додека за стан во центарот на главниот град издвојува 1.080 евра. Здравството во Норвешка е бесплатно.

Во главниот град на јужноафриканската република, наставничката плата е 1.030 евра, а киријата изнесува 530 евра месечно. Здравството е бесплатно.

Ситуацијата во Јапонија е многу попозитивна, па така наставник во Кагошими заработува 3.060 евра. Киријата за трособен стан изнесува 680 евра. Тука здравственото осигурување е прилично скапо.

Во најлоша состојба се нашите наставници во Македонија. ТЕД интервјуирал наставник од Прилеп чија месечна плата изнесува 100 евра. Интервјуираниот живее со родителите бидејќи стан не може да си дозволи, а за здравство месечно издвојува 10 евра.

Ништо подобро не е ниту во Романија. Професорската плата на 55 годишна наставничка по англиски јазик е 450 евра, а месечната кирија за мал стан е 320 евра. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование