X
 04.05.2017 Образование

Приказна за еден исполнет сон: од наоѓалишта на дијаманти до универзитетска диплома

Додека на голем дел од младите во Македонија им е овозможено да се здобијат со диплома и високо образование, прочитајте една инспиративна приказна за Умару Фофана за тоа низ што поминал за да го оствари својот сон.

умару
Фото извор: BBC

Во моите тинејџерски години, работев како рудар, длабоко во водата, барајќи дијаманти. Растејќи во Источна Сиера Леоне која е богата со дијаманти, тоа беше нормална работа. Многумина се откажуваа од училиштето, но јас работев како рудар најчесто за време на празниците и понекогаш за викендите.

Округот Коно беше густо населен затоа што блескавите камења можеа да се најдат буквално секаде. Моите родители се придружија на повеќето луѓе низ земјата, како и Гамбија, Мали и Либан за да одат во Коно, надевајќи се на брза заработувачка.

Јас пораснав како рудар и работата ми беше тешка. Копав по речните корита низ чакалот и често калливата земја за да најдам дијаманти. Моите дланки беа тврди од работа, а кожата на прстите умртвена. Ноктите ми пукаа, а чести ми беа и болките во вратот и главата.

Откако ги положив крајните испити, работев како рудар со полн обем, за да си ги платам моите студии на универзитет. Копачите на дијаманти обично имаат два слоја на спонзорство. Тие се нарекуваат група Генг или Ганг.

Секоја група има надреден кој ги надгледува и кој е задолжен за храна, сместување и лекови. Но кога јас бев таму, имаше една четвртина оброк во денот, и подобро е да не знаете каков беше вкусот. Често спиевме на подот со бубачки и комарци. Ретка беше можноста да се оди кај надредениот лично. Тој се стреми да биде голем бизнисмен и дилер на дијаманти, и не снабдуваше со алати и месечни примања. Повеќето копачи не ја знаат вредноста на дијамантите.

Еден ден додека бев зафатен со миење на калта од камењара, видов светкав објект во средината на ситото. Отпрвин не бев сигурна дека е дијамант, но кога го одделив од другите камења видов дека е и извикав „Тоа е дијамант“. Потоа се осигурав дека никој во близина не ме слушнал.

Ги фрливме алатите, и истрчавме кон високата мочуришна трева и побегнавме. За дијамантот добив 34.000 Леони и до 24.000 од нив ја платив мојата прва година на студии.

Повторно се вратив на работата, но тоа беше последен пат како ми се насмевна среќата. Сакав да студирам новинарство, но во тоа време не се нудеше на универзитетот, па избрав да учам англиски и француски јазик. Дипломирав и на крај сонот ми се оствари да работам како новинар за BBC World Service.

Пишува: Умару Фофана
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование