X
 12.05.2017 Технологија

Технологија која чита емоции ќе се користи за спречување на криминални дејствија

Технологијата за читање на емоции наскоро би можела да се користи од страна на полицијата откако Руска компанија креирала алатка која може да идентификува лица во маса луѓе и да покаже дали се лути, под стрес или нервозни.

фото извор: telegraph.co.uk

Софтверот креиран од „NTechLab“, може да набљудува жители за сомнително однесување преку откривање на идентитетот, возраста, полот и моменталната емотивна состојба. Може да се користи како превенција во спречување на криминалот и потенцијалните терористи.

До сега, софтверот им помогнал на полицајците да решат два случаи и да идентификуваат криминалци. Според компанијата која ја создала алатката, сигурноста на идентификувањето се проценува на 94 проценти. Од таму исто така, велат дека не гледаат нарушување на приватноста преку софтверот, со оглед на тоа дека во јавноста насекаде има поставено камери и дека тој ќе се користи за позитивни цели.

Од компанијата известуваат дека ќе инвестираат уште повеќе во поголем развој на софтверот и дека и понатаму ќе го надградуваат. За сега имаат повеќе од 2 илјади клиенти низ Велика Британија, САД, Австралија, Кина и Индија. Компанијата не е единствената која се бави со креирање на ваков механизам, но секако го доби вниманието од релевантните фактори.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија