X
 14.05.2017 Технологија

Израелска компанија со ново достигнување: батерија која може да напојува електричен автомобил за пет минути

StoreDot е израелска стартап компанија која на неодамнешниот саем во Берлин претстави нова “FleshBattery” технологија, со која може да се напои електричен автомобил за пет минути.

батерија
Фото извор: thenextweb.com


Додека компаниите се фокусирани на подобра километража, батеријата на StoreDot го става акцентот на брзината, што е сосема ново во оваа сфера. На пример, на Тесла станиците за полнење им се потребни 75 минути за истата оваа работа.

Компанијата ветува дека батеријата е побезбедна од моменталните батерии кои се користат во електричните автомобили, бидејќи не се запаливи и имаат повисока температура на согорување.

Компанијата очекува батериите да се појават на пазарот во следните три години.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија