X
 15.05.2017 Живот

Во борба против пластичниот отпад - Компанија произведе лажици што се јадат

Штетата што пластиката ја прави во животната средина на глобално ниво претставува огромен проблем. Во последната деценија според извештаите на годишно ниво на бреговите на Индија има 300 тони пластика која го нарушува морскиот живот.


лажици
Фото извор: Forum Ordissinaute

Поради оваа причина претприемачот Нарајана Песапати, ја формира “Bakey’s”, компанија која се посветува на произведување алтернатива за пластичното ѓубре. Приборот за јадење што се јаде е направен од различни брашна, без адитиви и конзерванси, печени во облик на лажица и се екстремно евтини за производство.

Приборот за јадење е произведен со намера да се јаде, а ако не сакате да го јадете слободно фрлете го затоа што е биолошки разградливо како ѓубре. Тие дури немаат ниту конзерванси и се 100% природни со 18 месеци рок на траење. Исто така тие можат да бидат направени од различни состојки вклучувајќи морков, цвекло, спанаќ и други зачини.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот