X
 17.05.2017 Култура

Хелен Келер до нацистичките студенти: „Историјата не Ве научила ништо ако мислите дека може да убивате идеи“

Хелен Келер е позната како плодна есеистка, активистка и жесток поборник за сиромашните и маргинализирани луѓе. Освен тоа, таа е и „доживотно радикална“.

горење на книги
Фото извор: openculture.com


Но, освен тоа, таа е запаметена и по нешто друго. Во Нацистичка Германија колекција од нејзини есеи „Како станав социјалист“ е додадена на листа на „дегенерирани“ книги за кои се планирало да бидат изгорени на 10 мај 1933. Постоела серија на јавни горења на забранети книги, кои се разликувале од нацистичките персепктиви на политичките, социјалните или културните прашања, а овде биле вклучени и книги од еврејски автори.



На 9 мај 1933 Хелен Келер објавува кратко писмо до нацистичките студенти во Њујорк Тајмс со цел да предложи да се запрат предложените палења.

До студентите од Германија:

Историјата не Ве научила ништо ако мислите дека може да убивате идеи. Тирани се обиделе да го сторат тоа често порано и идеите се кренале со својата сила и ги уништиле.

Можете да ги изгорите моите книги и книгите на најдобрите умови во Европа, но идеите во нив протекуваат низ милиони канали и ќе пролжат да развиваат други умови. Ги дадов сите надоместоци од моите книги за германските војници ослепени во Светската војна без мисли во моето срце, но со љубов и сочувство за Германците.

Ги признавам тешките компликации што Ве доведоа до нетолеранција, сѐ повеќе и повеќе ја осудувам неправдата и отсуството на мудрост на пренесување на неродоните генерации во дамката на Вашите дела.

Не замислувајте дека Вашите дивјаштва кон Евреите се непознати тука. Бог не спие и Тој ќе го даде својот суд за Вас. Подобро е да имате воденички камен обесен околу вратот и да потонете во морето отколку да бидете омразен и презиран од сите луѓе.


Нацистите го игнорирале нејзиниот протест, како и протестите во десетици градови во Америка.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура