Кога мажите и жените завршуваат со училиште и почнуваат со работа, се речиси еднакво платени. Но наскоро се појавува јаз кој расте низ следните децении.
Што се менува? До доцните 20ти и до средината на 30тите според многу студии жените имаат деца, додека немажените жени продолжуваат да заработуваат колку и мажите. Од ова може да се дојде до заклучок дека децата штетат на кариерата на жените. Сепак одредени студии покажуваат дека мажени жени без деца заработуваат помалку затоа што е поверојатно да се откажат од работата. Исто така работодавците можеби нема да им доделуваат поголеми одговорностизатоа што сметаат дека ќе имаат деца.
Истражувањата покажуваат дека некои жени работат помалку откако ќе добијат деца, но повеќето работат исто колку и претходно. Сепак тие се платени помалку затоа што работодавците сметаат дека нема да ја извршуваат работата доволно посветено.
Жените кои имаат високо образование заработуваат околу 90% колку и мажите на 25 годишна возраст, и околу 55% колку и мажите на 45 годишна возраст. Помеѓу овие две возрасти се наоѓа јазот за оние со високо образование.
Кај оние без факултетска диплома јазот на почетокот е поголем, но се намалува низ годините. Дел од причините е што помалку едуцираните мажи имаат помалку високо-платени работни опции, а не затоа што на жените без факултетска диплома им оди добро.
Но, најголемиот дел од јазот во платите – 73% од жените не добиваат покачувања и унапредувања за разлика од мажите во компаниите.
Просечниот високо-образован маж ги подобрува неговите
примања за 77% од 25 до 45 години, додека кај жените ова е само 31%.