X
 22.05.2017 Живот

Норвешка дополнително ќе го заштитува „трезорот за во случај на апокалипса“

Норвешките власти соопштиле дека дополнително ќе ја заштитат „Ноевата арка со билки“, односно светската резерва на семиња од растенија во Свалбард на Арктикот, бидејќи неодамна е оштетена со протекување на вода заради порастот на температурите.

фото извор: Reuters/Bob Strong

Околу 50 илјади нови примероци на семиња од растенија од целиот свет се донесени пред два месеци во најголемата банка на семиња на светот, отворена пред десетина години во случај на „апокалипса“. Местото е креирано и заради можност од војни или големи природни катастрофи, па целта е да се спаси растителниот свет од уништување.

Локацијата на банката на семиња е помеѓу копнениот дел на Норвешка и Северниот пол. Оптималната температура за чување на примероци е минус 18 степени, но октомври 2016 беше изненадувачки потопол заради што е забележано протекување на вода на влезот од складиштето.

Норвешките власти навеле дека водата потоа се замрзнала и е отстранета, но сепак некои примероци се оштетени.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот