Денес е вторник, 23 мај 2017 година, 143-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:02, а ќе зајде во 19:57 часот. Денот ќе трае 14 часа и 55
минути.
Во поголем дел од Македонија во утринските часови преовладува претежно
сончево и посвежо време во однос на температурите од претходните денови.
Во источните и југоисточните појава на облачност и преовладува умерено
облачно време.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска претпладне умерено облачно со сончеви
периоди, а во попладневните и доцните попладневни часови се очекува
нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат поинтензивни во
западните како и во североисточните и источните предели, каде што
локално може да наврнат и до 25 литри. Ќе дува доумерен слаб
североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 6 до 15
степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 16
односно до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 4.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска во утринските и претпладневните часови ќе
биде претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер
нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Утринската температура од 12
степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 24 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Нестабилното време со врнежи од дожд и свежо со
дневни температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе бидат под просекот за
овој период од годината се очекуваат да продолжат во среда и четврток.
Во среда поинтензивни врнежи од дожд, локално и до 20 литри се очекуваат
во западните и североисточните предели, минималните температури од 7 до
16 степени, а максималните од 12 до 22 степени. Во четврток пак
поинтензивни врнежи се очекуваат во јужните, југоисточните и источните
предели каде што локално може да надминат и 25 литри. Утринските
температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните од 10 до 20
степени. Во петок без промена на временската состојба, ќе биде умерено
облачно и нестабилно со врнежи од дожд и дневни температури од 12 до 22
степени. Во петок поинтензивни врнежи, локално и до 20 литри се
очекуваат во западните и југозападните предели. Во сабота се очекува
намалување на интензитетот на врнежите но во текот на денот ќе биде
умерено облачно време со повремени и слаби локални врнежи. Минималните
температури од 4 до 14 степени, додека пак максималните до 9 до 19
степени.
Weather4all.com.mk