X
 27.05.2017 Наука

Научни факти кои не ги знаевме на почетокот на 2017 година

Научивме толку многу работи.

nauka

1. Белите дробови не служат само за дишење - тие исто така произведуваат крв. Белите дробови на цицачите произведуваат повеќе од 10 милиони тромбоцити (мали крвни клетки) на час, што е еднакво на мнозинството на тромбоцити кои циркулираат во телото.

2. Математички е возможно да се изгради вистинска временска машина - она што ги спречува научниците е пронаоѓањето материјал кој може физички да се свитка на структурата на простор-време.

3. Сибие има огромен кратер наречен „прагот на подземјето“, а неговиот мраз се топи толку брзо што древните шуми се изложени за првпат во 200.000 години.

4. Првите светски полусинтетички организми живеат меѓу нас - научниците создадоа нови животни форми со помош на проширен, генетски код со шест букви.

5. Вантаблак - најцрниот материјал познат за науката - сега може да се најде во форма на спреј и е најчудното нешто што излегло оваа година.

6. Официјално е: временските кристали се нова состојба на материјата, така што сега можеме да создаваме „невозможни“ предмети.

7. Класифициран е сосема нов човечки орган кој се криеше цело време. Запознајте се со мезентериумот.

8. Карл Сејган совршено ја предвидувал иднината - поточно, неговиот вознемирувачки точен опис за свет каде владеат псевдонауката и научната неписменост.

9. Идентификуван е огромен гигантски неврон кој е обвиткан околу целиот периметар на мозокот на глушецот, а се чини дека е поврзан со свеста на цицачите.

10. Најреткото и најстарото куче во светот не е исчезнат вид - всушност, планинското диво куче од Нова Гвинеја и денес постои.

11. Вашето слепо црево не е бескорисен еволутивен орган. За разлика од нашите умници, слепото црево има важна биолошка функција од која човечкиот вид се` уште не може да се откаже.

12. По 130 години, може да треба да го прецртаме семејното дрво на диносаурусите, благодарение на претходно неважниот фосил од Шкотска.

13. Синдромот на полицистични јајници може да започне во мозокот а не во јајниците.

14. Земјата има сосема нов континент - Зеландија.

15. Луѓето имале поголемо влијание врз геологијата на Земјата од пред злогласниот настан Голема оксидација кој се случил пред 2.3 милијарди години, а сега научниците се повикуваат на нова геолошка епоха - Антропоцен која треба официјално да биде признаена.

16. Скапоцените еднорози во морето, „Narwhal“ ги користат нивните рогови за лов.

17. Човечката активност буквално се промени во вселената која ја опкружува нашата планета - децении радио комуникации со многу ниска фреквенција формира заштитен меур околу Земјата.

18. Земјодлеците својот добиток редовно го хранат со бомбоните „Skittle“ бидејќи е евтина алтернатива на пченка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука