X
 29.05.2017 Технологија

Ви крадат податоци додека телефонот ви е исклучен... нов напад врз Андроид!


Илустрација - малвер
(Фото: Profimedia)

Истражувачи од Универзитетите во Санта Барбара и Џорџија откриле нов малвер кој ги напаѓа сите уреди на оперативниот систем Андроид. Малверот е наречен „Cloak and Dagger“, скриен е во апликации и за време на инсталацијата презема целосна контрола над уредот, додека корисникот не знае дека телефонот му е заразен.

Малверот има увид на сѐ што пишува корисникот, може да добие пристап до сите делови на уредот, тајно да го отклучи, па дури и да воспостави контакт со броеви од именикот, а притоа екранот да остане исклучен.

Истражувачите кои го откриле малверот предупредуваат дека сите верзии на Андорид се изложени на можноста од ваков напад.

За заштита на уредот, треба да се оневозможи инсталација на апликациите што не се преземаат од продавницата Google Play.

Исто така, препорачливо е сите корисници на Андроид да инсталираат соодветна антивирусна програма.

Погледнете го видеото:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија