X
 30.05.2017 Технологија

Најмалиот холограм во светот наскоро ќе го има и во паметните телефони

Последните информации од холограмската технологија е дека научниците го развиле најмалиот холограмски материјал на светот. 1000 пати потенок од влакно од косата и доволно мал за да биде вметнат во уреди кои секојдневно ги користиме како мобилни телефони, телевизори, компјутери.

фото извор: Lenka Horavova / shutterstock.com

Научниците до сега се мачеа да го намалат холограмскиот материјал до таа мера што ќе може да биде дел од уредите кои се дел од секојдневието. Во просечен холограмски уред, светлината мора да биде манипулирана на тој начин, што ќе креира илузија од 3Д предмет. До сега, материјалите кои беа користени за креирање холограми, мораа да бидат тенки како брановата должина на светлината која се обидуваат да ја манипулираат.

Научниците успеале да ги надминат ограничувањата и да креираат тенок материјал, наречен „тополошки изолационен материјал“. Материјалот има интересни карактеристики како низок индекс на прекршување на површината, а многу висок индекс на прекршување во средината. Површината предизвикува светлината да отскокне, а внатрешните рефлектирања предизвикуваат повеќе фази во кои се креира светлина, создавајќи услови за формирање 3Д холограм.

Научниците истакнуваат дека овој новитет ќе продолжи да се надоградува, па ќе се обидат да вметнат вакво нешто и во „LCD“ екран.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија