X
 31.05.2017 Кариера

ЈАВЕН ОГЛАС за невработени лица за учество во Обуки за напредни ИТ вештини

This project is funded by the European Union
Проектот „Поддршка за вработување на млади, финансиран од страна на Оперативната програма за „Развој на човечки ресурси 2007201 3„(ИПА Компонента IV) во рамките на Агенцијата за вработување на Рапублика Македонија (АВРМ), a врз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2017 година, го објавува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС
за невработени лица за учество во Обуки за напредни ИТ вештини

Сите невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија, како активни баратели на работа, се повикуваат да аплицираат за учество во една од следниве обуки за напредни ИТ вештини:

JAVA Программер ЅЕ8 Trainings (за 110 учесници); и
ISTQB Tester (за 110 учесници).


Овие обуки ќе ја зголемат вработливоста на 220 невработени лица и ќе обезбедат можност за зголемување на професионалните вештини и здобивање со квалификации за одредени работни места кои се барани на пазарот на трудот.
Обуките за напредни ИТ вештини ќе се спроведуваат од страна на избрани тренинг провајдери низ целата територија на државата.

Критериуми за избор

Заинтересираните невработени лица можат да ја пополнат Апликацијата за учество, со цел да учествуваат во некоја од погоре наведените обуки во Агенцијата за вработување на Република Македонија и во некој од Центри за вработување низ државата.
Исто така, невработените лица ќе бидат предселектирани од регистерот на активни баратели на работа на Агеницијата за вработување на Република Македонија, согласно со нивниот Индивидуален план за вработување (ИПВ). Предселектираните невработени лица ќе бидат поканети (со СМС порака или преку email) во Центрите за вработување да ја пополнат Апликацијата
за учество и да изберат обука за напредни ИТ вештини за која најмногу се заинтересирани.

Секој кандидат треба да ги исполнува следниве критериуми:


Соодветна стручна подготовка, зависно од видот на обуката;
Млади невработени лица до 29 години регистрирани како активни баратели во АВРМ;
Изјава во Индивидуалниот план за вработување(ИПВ), дека невработеното лице сака да учествува во обуки за напредни ИТ вештини;

Крајаната селекцијата на учесниците на обука ќе биде направена од страна на Евалуациска Комисија на основа на погоре споменатите критериуми, со подготвена ранг листа со сите заинтересирани кандидати.
Доколку бројот на заинтересираните кандидати го надмине планираниот број, како критериум за избор ќе биде земена должината на периодот на регистрирана невработеност. Во текот на постапката на селекција на кандидатите, Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги применува следниве принципи:

Кандидатите кои веќе учествувале во обуки за напредни ИТ програми не можат повторно да бидат вклучени во обуките;
Доколку кандидатите имаат слично образование со она за кое се спроведува обуката, ќе се земе како предност при селекцијата;
Доколку бројот на подобните кандидати е поголем од предвидениот број на учесниците на обуката, кандидатите ќе бидат избрани според тоа како се квалификувани на ранг листата на кандидати.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите, ќе бидат испратени кај организаторот на обуките на предтестирање и само кандидатите кои го положиле предтестот ќе можат да земат учество во обуките.
Крајаната листа на кандидати и резултатите добиени на предтестот ќе биде достапна на вебстраницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија и во Центрите за вработување низ државата.

Кандидатите кои досега не учествувале на вакви обуки се охрабрени да се пријават за учество.
Агенцијата за вработување на Република Македонија ги охрабрува сите невработени лица од различен пол, националност и културна припадност да аплицираат со цел да се здобијат со релевантни вештини за специфични професионални вештини побарувани на пазарот на трудот. Лицата од малцинските групи и лицата со посебни потреби се охрабруваат да аплицираат.
Агенцијата за вработување на Република Македонија го задржува правото да ги одбие кандидатите кои не ги исполнуаат потребните критериуми.

Спроведување на обуките
Обуките ќе се спроведуваат во период од 6 (шест) месеци вклучувајќи предавања, часови за подготовка за испит и испит за здобивање со меѓународен сертификат. Секој од избраните невработени лица за учество во обуките ќе потпише Договор за учество
во обука за која предходно аплицирал. Учесниците во обуката кои ќе остварат минимум 70 учество на обуките ќе можат да полагаат испит за здобивање со меѓународен сертификат.
Полагање на испитот за стекнување со меѓународен сертификат ќе се спроведе во период од три месеци по завршувањето на теоретскиот дел од обуките и обуките за подготовка на полагање за испит.

Постапка за аплицирање
Заинтересираните невработени лица, регистрирани како активни баратели на работа можат да поднесат Апликација за учество во Агенцијата за вработување на Република Македонија и во некој од 30 Центри за вработување низ државата, изразувајќи го својот интерес за учество во обуките за напредни ИТ вештини, со наведување на типот на обуката, секој работен ден од 8:30
до 16:30 часот.
Јавниот оглас ќе биде објавен на следниве веб страни:
Агенција за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk
Министерсво за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk

Секоја информација вклучена во апликацијата ќе биде третирана со доверливост.
Проектот „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени (II), е финансиран во рамките на Оперативната програма за „Развој на човечки ресурси 20072013„(ИПА Компонента IV). Активностите на проектот директно придонесуваат во достигнувањето на целите од Оперативниот план за Активни мерки на пазарот на трудот за 201 7 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Кариера