X
 03.06.2017 Култура

Британски студент за Северна Кореја: „Пребрзи се заклучоците за земјата дека е забранета“

Во време кога Северна Кореја го плаши светот со ракетни тестови, еден британски студент смета дека е време да спријателите со жителите на државата.

ученици
Фото извор: bbc.com


Тој смета дека пребрзи се заклучоците за земјата дека е забранета, луда, и сл. До пред 4 години неговите познавања за земјата биле ограничени на еден документарен филм и неколку видеа на Youtube. Кога прв пад дошол во Пионгианг во 2013 година сѐ наоколу изгледало нормално. Жителите изгледале како да се грижат за секојдневните работи, за шопинг, за професијата, за семејството и слично, а не за имперализмот на САД.

Следната година овој британски студент се вратил да волонтира како наставник по англиски јазик, а подоцна станува и квалификуван туристички водич за луѓе од секоја возраст кои сакаат да отседнат 3 недели во Ким ил Сунг универзитетот. Учесниците би учеле корејски4 часа на ден,  а во останатото време би го разгледувале градот, и би имале активности како пливање, традиционално играње, а би имале и шанса да се сретнат со локални жители

И покрај пропагандата на Западот, Северно Кореанците се интересираат за Западната култура. Брендовите како Најк или Адидас си отвараат пат и на тој пазар, а студентите од привилегирани семејства се информирани за Западните пејачи и филмови.

Како наставник, Бенџамин Грифин забележува дека не е тешко да се одржи дисциплина. Тој им станал до толку омилен на младите што со него ги споделувале животните стории кога се сретнувале надвор од училиштето.

Според Грифин потребата за дијалог и културна размена е од огромна важност. Тој ја одбива идејата дека со тоа што ќе се плати да се посети Северна Кореја се потпомага режимот или нуклеарната програма станува помалку интензивна.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура