X
 05.06.2017 Образование

Тренеска- Дескоска: Се надевам дека годинава ќе го спречиме воведувањето на Кембриџ програмата во средните училишта

Новата министерка за образование и наука Рената Тренеска- Дескоска се надева дека ќе го спречат воведувањето на наставната програма Кембриџ по која треба да учат и средношколците од учебнта 2017/2018 година. Ја анализираме рече правната рамка, на некој начин да го суспендираме отпочнувањето на Кембриџ програмата во средните училишта. Очекува поддршка од институциите кои ќе бидат вклучени во пороцесот со цел побро и поефикасно  да го направиме тоа.



- Се што значи експеримет како што се правеше досега необмислен, дава штетни последици врз образованието на децата се надевам да го спречиме воведувањето на Кембриџ оваа година, а потоа следната година ќе биде процес на анализа. Кои ќе бидат ефектите, каде можеме да воведеме што треба да се воведе не треба да ги користиме учениците како место за експериментирање, рече Рената Тренеска- Дескоска, министерка за образование и наука.

Министерката додаде дека сакаат и широка дебата во која ќе се преиспитаат наставните содржини во основното образование.
 -Да видиме што од тие содржини може да остане, што треба да се замени што треба да што треба да биде воведено ново, рече Тренеска- Дескоска, министерка за образование и наука.

Според Петар Атанасов од СДСМ  само богатите можат да си дозволат квалитетно образование.

- Само луѓето кои имаа доволно пари можеа да им овозможат на своите деца приватни часови, рече Петар Атанасов од СДСМ .
Според професорот Александар Спасов основното што треба да се реши, е одново да се регулира Законот за високо образование. Да се врати автономијата на универзитетите, да се реши проблемот со финансирањето и на наставата во високото образование но и со финансирањето на научно-истражувачката дејност.

Намалување на бројот на предмети  во основното образование, ослободување на наставниците од административните обврски, намалување на бројот на часови и бројот на паралелки, се дел од  реформите кои ги најави  министерката за образование .

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак во интервју за Алфа ТВ  рече дека е резочаран од изјавата на министерката по најавата за стопирање на Кембриџ програмата во средните училишта. Станува збор  рече Ристовски за исклучително, значаен корисен и квалитетен проект кој се спроведе во Македонија. Пред сѐ во изучувањето математиката и природните науки , двете области во кои Македонија години нанзад покажува во континуитет намалување на квалитетот. Од друга страна, нашите ученици сѐ послаби резултати појавуваа во делот на математиката и природните науки. Поради тоа се одлучивме на соработка  со универзитетот Кембриџ. Дојдовме до една фаза го заокруживме основното образование, сега го оставивме процесот во имплементација во средното образование. Сега е одговорноста кај сите, овие чекори ретроградни, антиреформски кои имаат директно влијание врз учениците, ќе нанесат штета на генерации, генерации ученици. Јас сакам да верувам  дека ова денеска е несреќна изјава  дека министерката подобро ќе се инсконсултира со сите  нејзини советници.
Подготвил: В.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование