X
 05.06.2017 Технологија

Запознајте ја Аманда Саутворт која на 15 години е креатор на две апликации

Како и многу програмери Аманда Саутворт со нетрпение ја очекува својата прва еднонеделна конференција. На само 15 години таа е најмладата присутна на конференцијата за програмери на Епл, а ѝ е доделена и стипендија за да дојде и да присуствува на настанот.

програмер
Фото извор: Getty Images


Иако нејзината љубов кон програмирањето се родила на 6 години, дури во 7 одделение почнала да се предава целосно на истото минувајќи по 30 часа неделно работејќи на разни проекти.

На 12 години го напушта училиштето и се одлучува за домашно учење за да поминува повеќе време на активностите што ги сака без да си го наруши здравјето. Нејзината прва апликација е AnxietyHelper е дизајнирана за млади луѓе со анксиозност и депресија, а содржи и насоки при соочување со напади на паника и бес. Истата има околу 1000 корисници.


аманда


Нејзината втора апликација се вика Verena која нуди алатки на припадниците на ЛГБТ заедницата за да се чувствуваат безбедни. Таа им нуди на луѓето да најдат полициски станици, болници, засолништа, или други места кои нудат сигурност. Моментално работи и со преведувачи да ја направи достапна на уште 10 други јазици.

Нејзината крајна цел е да работи во вселенската индустрија. SpaceX е нејзиниот избор број 1.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија