X
 06.06.2017 Култура

Арапските држави ги прекинаа дипломатските односи со Катар - кои се последиците?

катар

Со силниот и непријатниот пустински ветер, жителите на Катар вчера наутро се пробудија со загрижувачки вести - Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахраин ги прекинале сите дипломатски односи со Катар. Емитувањето на каналот Ал Џезира е забрането во сите овие земји. Сите граници се затворени така што Катар има можност да ги користи воздушните патишта за интеракција со остатокот од светот.

Кризата започна како навидум безопасна и траеше некое време, за на 24 мај да кулминира. Тогаш, Националната агенција на Катар на официјалната веб страница го објавила говорот на Тамим бин Хамад Ал Тхани, владетелот на Катар. Во овој говор, Тамим наводно отворено ја поддржува владата на Израел и Иран, критикувајќи ги односите и соработката на Саудиска Арабија со Америка и поддржувајќи го тероризмот во Иран.

Официјалните лица веднаш ја затвориле страницата и профилот на „Тwitter“ тврдејќи дека страната била хакирана и дека информациите се неточни. Но, саудиските претставници изразија сомнежи за вистинитоста на информациите.

Набргу потоа стигна втората чудна наредба од лидерот на саудискиот исламски совет, Катар да го промени името на најголемите и најважните џамии во светот, „Шеик Мухамед ибн Абдул Вахаб џамија“. Барањето дошло затоа што Саудиска Арабија одби да признае дека семејството Ал Тхани кои имаат директни роднински врски со Абдул Вахаб, зачетник на правецот Вехабии во исламот. Официјален Катар не коментираше во однос на ова прашање. Но, тензијата во односите со соседните земји видно растеше.

За да покаже добра волја и да ги смири несогласувањата, Катар нелегално го депортира саудискиот основач на човекови права кој доби азил во Норвешка. „Amnesty International“ бурно реагираше поради фактот што неговото враќање во Саудиска Арабија би било опасно по неговиот живот.

Засилените мерки за безбедност во Доха станаа очигледни во последните неколку дена, за вчера наутро да биде најавена дипломатската блокада. Наредено е на сите амбасади во рок од 48 часа да ја напуштат земјата, а на државјаните на Катар им биле дадени две недели.

Како и секогаш кога станува збор за Блискиот исток, работите се прилично комплицирани. Моментално луѓето се во паника, продавниците уништени, очигледен е немирот. Повеќето намирници (околу 80%) доаѓаат преку ОАЕ и Саудиска Арабија. Владее голема паника и во круговите на иселениците.

Посебно е необичен фактот што сега е време на Рамазан, време на простување, посветеност на љубовта и разбирање. Познато е дека во ова време се решаваат, а не се предизвикуваат конфликти.

Автор: Вања Шаровиќ/6yka
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура