Стивен Хокинг кој многумина го сметаат за најпаметен човек на светот, за Cambridge News открива за кого ќе го даде својот глас на изборите во Велика Британија.
Фото извор: Guardian Liberty Voice
„Ќе гласам за Лабуристите затоа што додатни 5 години на конзервативна влада би значело катастрофа за државното здравство, полиција и останати јавни служби“, изјавил тој.
Славниот научник неодамна за лабуристичкиот лидер Џереми Корбин изјави:
„Мислам дека Корбин е катастрофа. Има добри намери и правилни идеи, но дозволи да се прикажува како левичарски екстремист.“
Хокинг навел дека на досегашните избори во главно давал потполна поддршка на лабуристите. Локалниот кандидат Даниел Цајхнер изјавил:
„Воодушевен сум што повторно го сретнав професорот
Хокинг и ја примив неговата поддршка“.