X
 08.06.2017 Технологија

Виртуелната реалност може да го направи шопингот дел од минатото

Добрите продавници во поново време на своите купувачи им ги нудат производите и на интернет.

наочари
Фото извор: thenextweb.com

Корисниците полека се навикнуваат да купуваат на интернет од различните уреди кои ги користат. Можеби овој микс на реален и онлајн свет е од помош за нешто што ќе стане иднина: шопинг во виртуелна реалност.

Искуствата во виртуелна реалност обично се достапни преку капа или очила кои го блокираат надворешниот свет. За таа да функционира целосно потребно е да е удобна, со стил и да е напојувана со доволно способен софтвер. Можно е да се додаде и поголем контакт со виртуелниот свет со инкорпорирање на сите сетила, на пример контролна рака за ракување и манипулирање со предмети. За сега некои продавници нудат таблети за пребарување на самата локација.

Може да се очекува да се види како трговците на мало се повеќе се прилагодуваат на уредите кои го овозможуваат ова уживање преку виртуелна реалност. Компаниите кои ги произведуваат ќе нудат се пореалистични и поинпресивни производи. Некои брендови веќе имаат стартувано пилот виртуелни продавници каде што купувачите што се опремени со соодветни уреди можат еден ден да имаат интересни искуства без да го напуштат домот.

Виртуелната реалност ќе овозможи повторно да се посетат продавници, ревии на дизајнери, настани и слично што се случиле во минатото.

Сепак најглавниот чекор ќе биде инвестицијата на трговците да се направи исплатлива како и оваа новина да биде добро прифатена од купувачите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија