X
 12.06.2017 Наука

Научниците открија аномалија која би можела да сруши се’ што се знае за физиката

Научниците неодамна дошле до три нови откритија кои би можеле да го разнишаат темелот на разбирањето за физиката на елементарните честички, а со тоа и сѐ што се знае за универзумот.

физика
Фото: pixabay.com

До откритјата е дојдено преку три посебни експерименти кои дале многу слични резултати. Тие укажале на лептонска универзалност – основна претпоставка на Стандардниот модел која би можела да престане да важи.

Стандардниот модел е теорија во физиката на елементарни честички која успешно опишува три од четири основни интеракции меѓу елементарните честички од кои се состои секоја позната материја: електромагнетизам, јака и слаба нуклеарна интеракција.

Би можел да биде препознат нов феномен кој постои надвор од рамката на овој стандарден модел. Според физичарите кои работеле на студијата, доколку овие резултати се потврдат, би можело да се укаже на постоење на нов вид на честички, и меѓусебни интеракции.

Лептонската универзалност претставува едноставно правило според кое интеракциите на одредените елементарни честички се исти. Тие се познати како наелектризирани лептони, и вклучуваат електрони, муони и тешки честички наречени тауони.

Три научни тима од САД, Швајцарија и Јапонија дошле до резултат дека тауоните се распаѓаат во значително поголема мера отколку што тоа го предвидува стандардниот модел, а според физичарите експериментите се 99,95% точни.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука