X
 12.06.2017 Култура

Седмата сезона на „Game of thrones“ ќе понуди две епизоди како кратки филмови

sezona
Фото: НВО

Кога беше најавено дека новата сезона на „Game of thrones“ ќе има само 7 епизоди наместо 10, колку што досега имаа изминатите 6, многу фанови беа разочарани. Но, продуцентите одлучија на гледачите да им дадат малку повеќе, па така последните две епизоди ќе бидат снимени со должина колку краток филм.

Досега најдолгата епизода беше финалето на шестата сезона, „The Winds of Winter“, која траеше 69 минути во кои беа прикажани клучните моменти за серијата - Серсеј Ланистер ја убива кралицата Марџери Тајрел и Хај Спероу откако ќе подметни пожар, Арја Старк го убива Волдер Фреј, а Џон Сноу открива дека е син на Лијана Старк. Освен траењето, последната епизода од шестата сезона се издвојува и по неверојатниот рејтинг на „IMDB“ каде успеа да добие оценка 9.9/10.

„HBO“ најавува дека последните две епизоди од новата сезона ќе го надминат траењето на досега најдолгата епизода. Па така, претпоследната епизода ќе трае 71 минута, а финалето 81 минута.

Од друга страна, четвртата епизода ќе трае 50 минути (5 минути помалку од просекот), а кога ќе се сумира вкупната минутажа, материјал вреден 8 епизоди, „HBO“ ќе ги прикаже во 7 епизоди. Првата епизода од новата сезона ќе биде прикажана на 16 јули.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура