X
 13.06.2017 Настани

Феноменален успех на Пи Ворлд во Светскиот трговски центар во Њујорк

Над 150 компании од Америка и други земји околу светот,  беа дел од првиот настан за односи со јавноста на македонската компанија Пи Ворлд, кој се одржа минатиот четврток и петок во просториите на престижниот магазин Vogue во Светскиот трговски центар во Њујорк.



Global PR Summit New York вклучуваше презентации од над 20 интернационали експерти за односи со јавноста а најголемиот американски веб портал за односи со јавноста, O’Dwyers, го нарече настанот “Обединетите нации на светските PR експерти”.
Можеби најзначајниот успех на оваа македонска компанија е тоа што за прв пат во американската PR историја, успеа да ги собере сите американски и интернационални асоцијации за односи со јавноста на едно место.



“Global PR Summit New York е остварување на сонот кој што го зацртавме со нашиот тим пред речиси седум години. Иако како компанија сме присутни во над 30 земји во светот, настанот во Њујорк е дефинитивно круна на нашата работа и огромен успех не само на нашата компанија туку на сите македонски компании”, изјави Коста Петров.

Следниот настан на Пи Ворлд во Северна Америка ќе се одржи од 20-21 ноември во Торонто, Канада а во текот на годината компанијата ќе организира бизнис настани и во Скопје, Каиро, Ријад и Монтреал.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани