Многумина сметаат дека науката и забавата се антоними, зборови кои едноставно не одат заедно, Експлорариум е отворен за да биде антоним на таквите тврдења и да докаже дека науката не само што може да биде забавна и интересна, туку и да биде носечкиот столб во развивање на животните вештини на децата. Преку бројните летни курсеви за деца, како и со првиот летен камп од ваков тип, Експлорариум започнува една нова приказна, приказна која преку игра ќе ја храни и поттикнува љубопитноста на нашите деца и не само што ќе се обиде да ги пронајде сите одговори, туку и ќе ги охрабрува постојано да бидат во потрага по нови.
„Најважната работа е никогаш да не престанете да прашувате. Љубопитноста си има свои причини за постоење.„ - Алберт Ајнштајн
Следејќи ги светските трендови го основавме „Експлорариум“ првиот научен клуб за деца во Македонија со единствена цел да им овозможиме на децата да имаат место каде ќе може да истражуваат, експериментираат и да ја задоволат својата љубопитност. Клубот располага со современо опремени лаборатории и програма која нуди одговор на многубројни прашања од секојдневниот живот и пошироко.
Експериментите се водени од страна на професионални предавачи кои користат современи методи на приближување на науката до вашето дете. Покрај квалитетно поминато време каде низ забава учесниците ќе имаат прилика да ги запознаат основите на науката, програмата овозможува развој на одредени животни вештини кај децата како што се: трпеливост, упорност, креативност, имагинација, развивaње на критичко мислење и сопствен став. Без разлика дали вашето дете во иднина ќе биде лекар, архитект, адвокат или инженер тоа засекогаш ќе има таканаречен научен пристап (mindset) кој ќе му помага во совладување на секоја препрека во иднина.
Курсеви
Во летниот период нудиме едномесечни курсеви од областа на астрономија, crafts и science. Курсевите се наменети за деца од училишна возраст и ќе се одржуваат исклучиво во попладневните часови и тоа од 19.00ч до 20.30ч (10 часа).
Изработка на објекти од глина, добивање на хартија од пулпа, изработка на комплексни оригами, ткаење, изработка на печати од Craft foam, изработки со конец, обликување на предмет со папие маше техника, изработки со помош на квилинг техника и многу други техники ќе бидат дел од летниот crafts курс. Целта на курсот е запознавање на учесниците со најсовремените техники со кои се изработуваат многубројни ракотворби. Потребни материјали за изработката се вклучени во цената на курсот а изработените експонати учесниците ги добиваат за себе. Часовите се одржуваат секој вторник и четврток во период од 19 Јуни до 21 Јули во траење од час и половина и тоа од 19.00ч до 20.30ч. Учесниците треба да имаат најмалку 7 години. Цената за учество во курсот изнесува 2800 денари. Курсевите ќе ги води Елена Хаџијанева.
„Универзумот за почетници“ – Курс по астрономија за деца (10 часа)
Какви облици имаат вселенски тела и на кој начин тие се покоруваат на законот на физиката, набљудување на небесни тела со телескоп, што претставува сончевиот систем и изработка на модел на истиот, изработка на комета, како настанува кратер на површината на планетата земја, како настанала планетата земја и одговори на многу други прашања ќе бидат дел од курсот по астрономија. Целта на курсот е запознавање на учесниците со основните поими на астрономијата. Часовите се одржуваат секој понеделник и среда во период од 19 Јуни до 21 Јули во траење од час и половина и тоа од 19.00ч до 20.30ч. Учесниците треба да имаат најмалку 6 години. Цената за учество во курсот изнесува 1400 денари. Часовите ќе ги води професорот по физика Цветко Неделковски.
Crazy Science за деца (10 часа)
Целта на science курсот е откривање на основните поими на науката на интересен и практичен начин и приближување на науката кај најмладата популација. Секој учесник ќе може да практичен начин да ја искуси науката по пат на експерименти. Како дел од програмата се следниве експерименти: изработка на холограм, изработка на перископ, експерименти со бои (хроматографија), изработка на ракета, изработка на слоновска паста и електрично коло со спроводливо тесто, експерименти со магнети, изработки на скулптури со магнети, експерименти поврзани со сетилата: како гледаме, што е слепа точка, добивање спектар на светлина, што се случува кога светлината поминува во друга средина, како светлината се прекршува и многу други експерименти. Часовите се одржуваат секој понеделник и среда во период од 19 Јуни до 21 Јули во траење од час и половина и тоа од 19.00ч до 20.30ч. Учесниците треба да имаат најмалку 6 години. Цената за учество во курсот изнесува 2000 денари. Часовите ќе ги води професорот по физика Кирил Буцковски
Покрај курсевите организираме и пет неделен Летен камп за деца од над 6 години, кој започнува од 19 јуни и трае до 21 јули. За време на летниот камп децата се целодневно згрижени од понеделник до петок. Програмата е така конципирана што учесниците ќе се релаксираат и ќе се стекнат со нови искуства и знаење. Еден дел од програмата ќе се одвива во природа, а останатиот дел ќе се одвива во нашите простории кои се современ дизајнирани и ќе овозможат комфорен престој на учесниците. Покрај искуство со експериментирање децата ќе имаат прилика да се социјализираат и да се стекнат со нови познанства. За време на престојот учесниците добиваат појадок и ручек. За безбедноста и удобноста на вашите деца ќе се погрижи нашиот професионален тим.
За сите услови и дополнителни информации јавете се на нашиот контакт телефон
075/966-826, на нашата e-mail адреса
info@explorarium.mk, како и на нашата Facebook страница:
https://www.facebook.com/ExplorariumMK/