Децата во автомобилите се изложени на опасни нивоа на загаден воздух, поради тоа што токсичниот воздух е на многу повисоко ниво во возилата отколку надвор од нив, предупредуваат научниците.
Професорот Сер Дејвид Кинг во текст за „
Гардијан“ вели дека пешачењето или возењето велосипед до училиште би биле поздрави за децата. Загадениот воздух е многу штетен за нивните бели дробови, но последните истражувања покажале дека покрај тоа, тој ја нарушува способноста на децата да учат, а може да ѝ наштети и на нивната ДНК.
„Децата кои седат на задните седишта на автомобилите се многу изложени на загаден воздух“, вели Кинг. „Можеби вие возите чист автомобил, но вашите деца седат во кутија што собира токсични гасови од сите возила околу неа.“
Тој вели дека новиот закон за забрана за пушење во автомобили со деца добил широка поддршка. „Најдоброто нешто за нашето здравје е да ги оставиме автомобилите“, вели Кинг. „Се покажало дека здравствената корист од пешачењето и возењето велосипед е поисплатлива од дишењето загаден воздух. Доколку возачите се свесни дека им нанесуваат штета на нивните деца, мислам дека би размислиле двапати дали да влезат во својот автомобил.“
Децата се поранливи од возрасните, бидејќи кај нив загадениот воздух може да доведе до астма или други респираторни состојби.
Неодамнешни истражувања ја претежнаа грижата од влијанието на загадениот воздух врз децата, што ги надминува штетните дејства врз нивните бели дробови. Една студија спроведена во Барселона покажа дека загадениот воздух ја намалува способноста на децата да се концентрираат и исто така ги забавува нивните реакции. Ова значи дека загадениот воздух може да има штетни ефекти врз невроразвитокот.
Помало истражување во Калифорнија, пак, покажа дека загадениот воздух во сообраќајот е во корелација со порастот на оштетувања на ДНК-та кај децата. Тие особено можат да бидат ранливи на ефектите од теломеричкото оштетување на ДНК за време на нивниот физички развој и за време на развивањето на имунолошкиот систем.