X
 14.06.2017 Образование

Утре почнува форумот за зелени работни места и еколошко образование на здружението Гоу Грин

Енергетската ефикасност и зелените работни места се неизбежен дел од иднината на Европската Унија, вклучувајќија и Македонија, која има за цел да ја зголеми енергетската ефикасност и учеството на обновливи извори на енергија. Надоврзувајќи се на слоганот на енергетската заедница на Европската Унија „Енергетската ефикасност на прво место!“ и препораката до државите да ги искористат потенцијалите за вработување во градежниот сектор, еколошкото здружение Гоу Грин во четврток 15 јуни во хотел Холидеј Ин во Скопје го организира „Форумот за зелени работни места и еколошко образование“ со почеток во 10 часот.


Форумот за зелени работни места и еколошко образование, кој го организираме со поддршка на Европската Унија и Швајцарската амбасада, има за цел да отвори дијалог за потребите на пазарот на трудот во секторот енергетска ефикасност,  да поттикне интерес кај младите за изучување на енергетската ефикасност во рамките на стручното образование и да поттикне вработување во градежниот сектор, вели Антонио Јовановски, извршен директор, Гоу Грин.

Според студијата на МАНУ, како дел од „Националните придонеси кон климатските промени на РМ“, изградбата на нови згради по нов стандард за енергетска ефикасност и над градбата на стари згради може да отвори 3,500 нови работни места до 2030 година.

„Нашата иницијатива е токму во оваа насока. Не само што енергетската ефикасност ќе отвори илјадници работни места во иднина, туку и моментално побарувачката е висока, а понудата на работна сила е ограничена, што прави голем јазна пазарот на трудот, особено во градежниот сектор. Со овој форум сакаме младите да се заинтересираат за стручното образование и да се информираат за потенцијалот на вработување, особено во делот на имплементација на мерките за енергетска ефикасност. Затоа ги повикувам сите млади да дојдат и активно да учествуваат на овој форум, бидејќи иднината е во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија“, потенцира Јовановски.

Повеќе информации и целосната програма на форумот може да добиете на www.gogreen.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование