Постојат неверојатни и прекрасни суштества кои живеат на Земјата. Голема штета е што низ историјата на развивањето на човекот, поради нашата несовесност и себичност успеавме да ги убиеме.
Фото: Instagram
Она што е уште полошо е тоа што луѓето велат дека инвестираат за зачувување на загрозените видови, меѓутоа сè се сведува само на публицитет. Холивуд е прилично добар во ова - сите освен Леонардо ДиКаприо. Тој е еден од малкуте луѓе со вистинска моќ на ѕвезда кој се обидува да направи разлика и да помогне да се пронајдат начини да ѝ се помогне на природната средина и загрозените видови.
Неодамна, тој започна соработка со мексиканската влада за да помогне во спасувањето на еден вид китови од загрозен вид кои живеат во крајбрежните води во Мексико.
Фото: Instagram
Дали ќе биде успешен или не, останува да видиме, но ќе се потруди и ќе го даде најдоброто.
Китот Вакита е еден од најдобро документираните загрозени видови во светот - останати се само 30 од овој вид и многу неуспешни обиди да се осигура нивната иднина. Доколку не се преземе ништо, на овие китови им се заканува исчезнување до 2025 година.
Затоа, мексиканската влада заедно со фондацијата на Леонардо ДиКаприо и Фондацијата Карлос Слим започна соработка и потпиша Меморандум за разбирање кој се обврзува да го спаси овој загрозен вид.
Предлагајќи итни мерки, договорот има за цел да обезбеди заштита на нивниот морски екосистем во Ревилагигедо, светско наследство кое се наоѓа во Горниот Залив во Калифорнија, каде живее и се размножува. Тие исто така се надеваат дека ќе ги спречат незаконските практики на риболов за традиционалниот кинески пазар за лекови, кој ја лови рибата Тотоаба, поради нејзиниот мочен меур. Рибарите користат мрежи за шкрги на кои се фаќа и китот Вакита. Планот е да се воведе привремена забрана за употреба на овие мрежи, како и забрана за ноќен риболов во заштитеното подрачје и зголемување на казните доколку рибарите уловат Тотоаба риба.
Исто така, тие бараат создавање на постојана програма за ослободување на водите од таканаречено „ghost fishing“, како и обид да се направат практиките на риболов одржливи. Тие размислуваат и за програма за размножување на овој вид на кит.
Фото: Instagram
„Сега, повеќе од било кога, светот бара храбро лидерство на секое ниво, со цел да се справи со климатските промени и проблеми за заштита на животната средина. Чест ми е да работам со претседателот Пења Нието за да обезбедиме иднина за морскиот живот во Заливот. Оваа акција е критичен чекор за обезбедување дека Заливот ќе продолжи да биде енергичен и продуктивен, особено за видови кои се критично загрозени, како што е Вакита. Мојата фондација и јас со нетрпение очекуваме да ја продолжиме
работата со претседателот Пења Нието, нашите партнери „NGO“ и локалните заедници во Заливот за да постигнеме голем напредок за овие важни проблеми“, изјави ДиКаприо на неговиот „Instagram“ профил.