X
 20.06.2017 Наука

Уметничко-научна илустрација: Нашата свест и постоење во сета своја убавина и комплексност

Вака изгледа нашата свест. Но не, ова не се снимки од нашиот мозок, туку вистинско уметничко дело од нашата мозочна активност.

1

Грег Дан е невронаучник кој одлучил да се насочи на уметноста па така создал уметнички слики од мозокот со помош на физичарот Брајан Едвардс. Сликите воглавно се цртани со рака, користејќи посебна техника на гравирање.

„Ова дело е дизајнирано да биде сигурно прикажување на мозокот“, изјави Дан за својот проект.

Oваа слика ја прикажува мозочната мембрана.

1

Сликата подолу го покажува таламусот и базалните ганглии (кои управуваат со нашите сетила, движење и процесот на донесување одлуки).

2

Третата слика го прикажува малиот мозок кој ги надгледува нашите движења и проприоцепција (свеста за сопственото тело).

3

Четвртата слика го прикажува париеталниот лобус, а последната го прикажува мозочното стебло со малиот мозок.

4

За да ги направи овие уметничко-научни слики, Дан прво собрал голем број информации за човечкиот мозок, вклучувајќи скенирани снимки и детални прикази на невроните и како тие меѓусебно се поврзани. Ги користел како инспирација за своите цртежи кои ги цртал со рака на листови.



Работејќи со Едвард, Дан ги дополнувал цртежите со помош на компјутерски модел кој може да имитира како комуницираат невроните едни со други и со тоа да се стимулира движењето на сигналите до мозокот.



„Ја прикажавме длабочината и широчината на нашата мозочна активност што ни помага различно да размислуваме за нашето постоење“, вели Дан.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука