X
 20.06.2017 Технологија

Возните карти во Шведска заминуваат во историјата: патниците ќе се чипираат


Воз
(Фото: Pixabay)

Шведската железничка компанија „СЈ“ на своите патници им нуди користење на биометрискиот чип вграден во раката, во замена за класичните возни карти и со тоа станува првата компанија во светот која ќе го користи овој иновативен метод.

Минијатурниот чип ќе функционира на ист начин како и бесконтактните банкарски картички, овозможувајќи им на кондуктерите преку скенирање на раката, да ја потврдат наплатата на возењето. Проектот засега се применува само на лицата кои веќе имаат биометриски имплантат, бидејќи „СЈ“ не нуди сопствено чипирање на патниците. Речиси 2.000 граѓани во Шведска во моментот имаат вграден имплантат, а повеќето од нив работат во технолошката индустрија.

Од компанијата објавија дека очекуваат околу 200 лица да го преземат микрочипот, но сите мораат претходно да се регистрираат како членови на програмата за лојалност. Патниците ќе купуваат карти на вообичаен начин, па преку пријава на веб-страната или преку мобилна апликација, нивниот членски број ќе биде поврзан со вградениот микрочип.

Проектот почна минатата недела, а од компанијата соопштуваат дека само прашање на ден е кога сите ќе користат микрочипови наместо возни карти.

„Се разбира, постојат различни реакции. Некои луѓе се загрижени за својата приватност, а ние тоа многу сериозно го сфаќаме. Луѓето се збунети и сметаат дека ќе можат да бидат следени преку микрочиповите, но наместо тоа би требало да бидат позагрижени заради користењето на мобилните телефони и користењето на кредитните картички. Следењето е можно на различни начини, а не само преку микрочиповите“, истакна портпаролот на компанијата „СЈ“.

Тие тврдат дека проектот го покренале на барање на корисниците затоа што микрочиповите побрзо се скенираат од картите, а вработените се штедат.

Сепак, главна причина за овој деловен потег е поставувањето на компанијата во средиштето на дигиталната револуција.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија