X
 24.06.2017 Наука

Мистериозен објект со големина на Марс можеби се крие во нашиот Сончев систем

Научниците Кат Волк и Рену Малотра од лунарната и планетарната лабораторија при универзитетот во Аризона ја разгледуваат можноста дека во Сончевиот систем има десетти масивен објект кој се крие во појасот Кујпер.

сончев систем
Фото: Heather Roper/LPL

Според она што е објавено во Астрономскиот весник, оваа т.н. Планета 10 се наоѓа на 55 астрономски единици и се претпоставува дека е сместена меѓу Марс и Земјата, што е одредено преку студирање на орбиталните навалувања на околу 600 ледени тела во регионот познати како објекти од појасот Кујпер. Истражувачите потврдуваат дека гравитационото затегнување на десеттата планета која има маса приближна на онаа на Марс, би можела да биде одговорна за необичната орбитална рамнина на овие објекти.

Сепак, Константин Батигин, еден од коавторите на студијата, вели:

„Важно е да се забележи дека затоа што објектот е прилично мал, можеби нема да одговара на официјалната дефиниција на планета, бидејќи би требало да ја исчисти својата орбита од други објекти, во случајот, објекти на појасот Кујпер.“

Тој појаснува дека со испитувањата требало да откријат објект со големина на Марс некаде во појасот, но барањето на десетта планета мала колку оваа во регион што е голем колку појасот нема да даде никакви дефинитивни одговори.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука