Нема многу автори чии дела се бестселери и уште творат и пишуваат новели. Стивен Кинг е еден од нив. Мајсторот на хорор приказни, со својата успешна кариера која трае веќе 50 години, има богат опус од бројни новели кои наидуваат на одличен прием кај публиката.
фото извор: cineseries-mag.fr
Ова е листата на сите негови новели:
18. „The Breathing Method“ (од „Different Seasons“)
Се работи за маж кој во чуден клуб за разговори и социјализирање раскажува приказна за жена која учи нова техника за породување.
17. „Blockade Billy“ (од „The Bazaar of Bad Dreams“)
Поранешен бејзбол играч раскажува приказна за сезоната од 1950 година, кога неговиот тим најмил мистериозен играч чие име е Вилијам Блејкли.
16. „Roadwork“ (од „The Bachman Books“)
Човек има насилен пристап кон компанијата која се обидува да го урне неговиот дом.
15. „Rita Hayworth and the Shawshank Redemption“ (од „Different Seasons“)
Човек затворен за дело кое не го сторил се обидува да побегне од затвор.
14. 1922 (from „Full Dark, No Stars“)
Фармер планира да ја убие сопругата со помош на нивниот син тинејџер.
13. „Fair Extension“ (from „Full Dark, No Stars“)
Смртно болен човек прави зделка со странец за да добие продолжување на сопствениот живот.
12. „The Sun Dog“ (од „Four Past Midnight“)
15 годишно момче добива Полароид камера за својот роденден, само за да открие дека камерата може да прави фотографии само од големо, црно куче, кое полека се приближува до леќата на камерата со секоја нова фотографија.
11. „Secret Window, Secret Garden“ (од „Four Past Midnight“)
Изолиран автор добива закана од странец кој тврди дека книгата е плагијат.
10. „Rage“ (од „The Bachman Books“)
Средношколец ги држи како заложници своите соученици.
9. „A Good Marriage“ (од „Full Dark, No Stars“)
Жена открива ужасна тајна за својот сопруг.
8. „Big Driver“ (од „Full Dark, No Stars“)
Откако преживува тешко искушение, мистериозна писателка смислува одмазда за мажот кој ја нападнал.
7. „The Langoliers“ (од „Four Past Midnight“)
Група патници во авион се будат и сфаќаат дека сите на светот исчезнале.
6. „The Library Policeman“ (од „Four Past Midnight“)
Човек е малтретиран од странец откако заборава да ја врати книгата во библиотека на време.
5. „Apt Pupil“ (од „Different Seasons“)
Тинејџер и неговата вознемирувачка врска со нацистички воен криминалец.
4. „The Running Man“ (од „The Bachman Books“)
Во дистописка иднина, човек навлегува во опасна игра за да заработи пари за своето семејство.
3. „The Mist“ (од „Skeleton Crew“)
Група на луѓе е заробена во супермаркет откако чудна магла го исполнува надворешниот свет.
2. „The Body“ (од „Different Seasons“)
Група од четири момчиња оди на планинарење и наоѓа мртво тело.
1. „The Long Walk“ (од „The Bachman Books“)
Книга за футуристички натпревар кој вклучува 100 момчиња тинејџери кои постојано одат, без да го намалат темпото под одредена брзина, се додека не остане еден преживеан.