X
 27.06.2017 Технологија

„Мозила“ нуди 2 милиони долари на тој што ќе успее да го децентрализира интернетот


Мрежна покриеност на континентите на Земјата
(Фото: Thinkstock)

Непрофитната организација „Мозила Фандејшн“ во соработка со американската Фондација за наука (НФС) нудат награда од 2 милиони долари за тој што ќе успее да го децентрализира интернетот, односно да овозможи интернет конекција во сите краишта од светот.

Иако мнозинството луѓе ја земаат константната интернетска конекција здраво за готово, факт е дека околу 4 милијарди луѓе во светот сè уште немаат сигурен пристап до интернет.

Руралната конективност и натаму претставува еден од најголемите проблеми во САД за 2017 година, а дури и кога интернетот е достапен, конекцијата е слаба и брзо паѓа, пренесува Motherboard.

Еден од најголемите проблеми поврзани со централизираниот интернет е недостигот на комуникација по природните непогоди кои ги уништуваат локалните инфраструктури, а како пример се наведува смртта на неколку алпинисти на Монт Еверест во 2015 година. Кога жртвите би имале интернет-конекција, спасувачката мисија би била многу поефикасна.

Моментално, на решавање на овој проблем најмногу работи „Мозила Фандејшн“ која ќе се обиде интернетот да го направи што подостапен по пат на софтвер за open-source веб-читачи и „НСФ“, првиот промотер на WWW – World Wide Web.

Организацијата исто така поддржува голем број на креативни идеи, како на пример – како  од својот ранец  да направиш мобилна рутер станица, или недоволно искористените инфраструктури да се преправат во Wi-Fi станици.

После понудената награда од 2 милиони долари, се чини дека идеите ќе стануваат сè побројни и покреативни.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија