X
 28.06.2017 Живот

Во сабота температури до 43 степени... Од недела мал пад на температурите

Денес е среда, 28 јуни 2017 година, 179-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 15 часа и 19 минути. Уште едно сончево и многу топло утро како најава за температурите кои што не очекуваат во текот на денот.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во денес ќе биде сончево и многу топло време со дополнителени пораст на температури кои и денес ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој во западните предели ќе достигне до 15 км/ч. Утринските температури од 12 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес не очекува претежно сончево и многу топло време. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, додека пак максималната дневна до 37 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови не очекуваат тропски денови, или денови со тропски температури. Ќе биде сончево и многу топло време со температури кои што ќе бидат над просекот за овој период од годината и висока вредност на ув индексот која што ќе изнесува 10. Во четврток максималните температури ќе се движат од 30 до 41 степени, во петок од 31 до 42 степени, а во сабота кога се очекува и да биде најтопло дневните темератури ќе се искачат високо над повеќегодишниот просек и ќе се движат од 32 до 43 степени. Во недела не очекува промена на временската состојба, претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и пад на дневните температури за околу 6-7 степени, па максималните дневни ќе се движат од 26 до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот