Според рангирањето на индексот на пасоши, најдобри пасоши се германскиот и сингапурскиот, со кои може да се патува во повеќе од 159 земји. Со македонскиот пасош може да се патува во 108 земји.
Фото: N1info
За да се одреди вредноста на пасошот се земаат предвид низа параметри, но најважна е визата. Како што се наведува во извештајот, Македонија може да патува без виза во 108 земји, а од останатите земји во регионот Србија е со 112, Хрватите можат без виза да патуваат во 144 земји, Словенците во 150, Црногорците во 105, а жителите на Босна и Херцеговина во 101 земја.
На листата се наоѓа и Косово, чии граѓани можат без визи да патуваат во 41 земја.
Интересно е што трката за најдобри пасоши се води меѓу Германија и Сингапур. На почетокот на годината со сингапурскиот пасош можеше да се патува во 157 земји според оваа листа, а со германскиот во 158. Сега и двете земји се изедначени.
Пасошот на САД на почетокот на годината беше на врвот, а сега не е ниту во првите 10. Зад Германија и Сингапур се Шведска, Јужна Кореја, Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија и Норвешка. Русите можат без виза да патуваат во 107 земји, а граѓаните на Кина во 58.
На дното на листата со години се наоѓа Авганистан чии државјани без
виза можат да патуваат во само 22 земји, а меѓу последните пет се и Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија.
За Македонија
ТУКА може да проверете во кои држави може да патувате со виза а во кои без виза