Фото: Independent/Screenshot
11 годишниот Британец на тестот за интелигенција имал подобри резултати од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Границата за „генијалност“ е поставена на 140, а 11 годишниот Арнав Шарма го положил тешкиот Менса тест, реализирајќи 162 максимален можен резултат.
Неговиот резултат е за два поени подобар од оној кој своевремено го реализирал физичарот Алберт Ајнштајн, како и Стивен Хокинг.
„Менса тестот е прилично тежок, и многу луѓе не можат да го положат, па не очекувам да го положам и јас“, изјави момчето пред да го полага тестот.
Момчето е со потекло од Индија, а пред почетокот на тестот воопшто не бил нервозен. После тестот, кој траел 2 и пол часа, сепак бил доста задоволен.
„Не беше премногу тежок, но морав на среќа да погодам неколку прашања бидејќи немав време. Моето семејство е изненадено, но и среќно после соопштувањето на резултатите“, вели Арнав.
Менса е еден од најексклузивните клубови во светот, а прима членови само доколку успеат да го положат нивниот тест за
интелигенција. Моментално има 20.000 членови, а меѓу нив 1.500 се деца.