X
 03.07.2017 Култура

Режисерот Мет Ривс ќе режира филм за Бетмен во сосема нов стил

Во ноември во кината доаѓа „Justice League“ на Зак Снајдер, филм во кој повторно ќе ги видиме Бетмен, Супермен и Вондер Воман во заедничка акција. Но, „Warner Bros“ го најави и новиот независен филм за Бетмен (овој пат без Супермен, со оглед на лошите критики после „Batman vs. Superman“ на Снајдер).

бетмен
Фото: Youtube screenshot

Бен Афлек одлучил да го режира новиот Бетмен, но после првичните проблеми со сценариото (студиото ги заменил оригиналните сценаристи па морало да започне од почеток) и после лошите критики за „Batman vs. Superman“, Афлек отстапил, па наместо него како режисер ќе се појави Мет Ривс кој е познат по неговиот „Cloverfield“, а наскоро доаѓа и неговиот „War for the Planet of the Apes“.

Тоа што Мет Ривс го прифатил режирањето може да се покаже важно за новиот Бетмен, а би можело и да го спаси, со оглед на тоа што режисерот има јасна визија. Според неговите зборови, тој ќе настојува да направи мрачна атмосфера, слична на онаа во Бетмен трилогијата на Нолан, но со силен емотивен набој.

„Имам визија за Бетмен во стил на класичните „film-noir“ детективски приказни каде уште од прво лице ќе дознаеме што го мотивира Бетмен. Тоа на гледачите ќе им овозможи да се поврзат со она што е во неговиот ум, но и неговата душа“, изјави Ривс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура