X
 06.07.2017 Образование

Како учениците од Нови Пазар станаа најуспешни ученици со помош на „Вибер“?

viber
Фото: Profimedia

Основците од Нови Пазар, Србија постигнаа резултати далеку над просекот на малата матура, поради што полесно ќе се запишат во Третата белградска гимназија отколку на општата насока во гимназијата во Нови Пазар.

Учениците од Основното училиште „Јован Јовановиќ-Змај“ во Нови Пазар на малата матура во просек освоија 25,07 од максимални 30 поени. Основците од основното училиште „Рифат Бурџовиќ-Тршо“ освоиле 24,93, од кои учениците имале 7,9 поени по математика, а републичкиот просек е 4,3 од 10. Просекот од ОУ „Стефан Немања“ е 24,79, а во ОУ „Меша Селимовиќ“ е 24,22.

Овие резултати се далеку над резултатите во останатите делови од Србија, каде што просекот бил 17 поени на три теста, па затоа предизвикале сомнеж кај Министерството за образование, кое побарало ненајавена проверка на материјалите од завршниот испит во 12 училишта во Нови Пазар. На проверка се уште 28 училишта.

Еден родител од Нови Пазар вели дека учениците препишувале, а виновни за тоа се наставниците бидејќи дозволиле учениците да користат мобилни телефони.

„Во училиштето каде што учи нашето дете не беше таков случајот, па затоа и не се на врвот според резултатите. Децата направиле групи на ’Вибер’, па испраќале прашања кои некој друг им ги решавал, па целото одделение ги имало одговорите“, велат родителите.

Текстовите од сите училишта со сомнителни резултати стигнале и во Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и во тек е нивната анализа. Кога ќе заврши, извештај ќе добие министерот за образование на Србија, Младен Шарчевиќ, кој ќе одлучи за казните за оние што ги прекршиле правилата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование