X
 06.07.2017 Образование

Овогодинешните матуранти се послаби од лани, положија со средна оценка 3.39



Матурантите годинава положија со средна оценка 3.39, што значи дека имаат послаби резултати од лани, бидејќи тогаш средната оценка беше 3.42. Резултатот денеска го соопшти Државниот испитен центар, а учениците оценките може да ги проверат на огласните табли во училиштата како и електронски на matura.gov.mk. Просечната оценка ќе биде конечна по рокот за поднесување приговори кој ќе трае од 6 до 10 јули до 15 часот.

За испитите во јунската испитна сесија беа пријавени вкупно 16.426 матуранти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование