X
 08.07.2017 Живот

После квалитетен одмор расте продуктивноста!


Опуштена атмосфера покрај камин
(Фото: Pixabay)

Иако долго време се веруваше дека луѓето што не користат годишен одмор се поуспешни и побрзо напредуваат во кариерата, реалноста е сосема поинаква.

Некои вработени, глумејќи „жртвени јариња“, со нескриена гордост постојано се жалат дека поради обемната работа, не успеале да го искористат својот, со закон загарантиран годишен одмор. Една американска студија неодамна им покажа дека воопшто не треба да се „гордеат“ со фактот дека не заминале на годишен одмор.

Резултатите покажале дека лицата што не искористиле меѓу 11 и 15 дена годишен одмор, имале за 6,5 проценти помали шанси да добијат покачување на платата или унапредување во споредба со оние што целосно го искористиле одморот.

Причина за ова може да биде фактот дека лицата што не го искористиле одморот постојано биле изложени на стрес, а со тоа им се намалила продуктивноста во однос на лицата што биле на одмор и се релаксирале од стресните услови на работните места.

Дополнително објаснување може да биде и тоа дека се работи за помалку способни вработени кои не стигнуваат да ги завршат зададените работни задачи навреме, па затоа и го прескокнале годишниот одмор. Без оглед која е вистинската причина, јасно е дека лицата што заминуваат на одмор нема да го платат тоа со назадување во кариерата.

Затоа, слободно заминете на годишен одмор.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот