(
Фото: Pixabay)
Прекрасниот остров, но истовремено и сојузна американска држава Хаваи, мака мачи да најде наставници и професори. Имено, оваа држава се бори со недостиг на наставен кадар, а има 1.600 непополнети работни места за наставници.
Причина за ваквата ситуација не е зголемувањето на бројот на училиштата или на ученици, туку едноставно наставните кадри тешко се навикнуваат на хавајскиот начин на живот, па кратко се задржуваат таму, што резултира со континуирано висока стапка на зaминување на професорите.
Властите на Хаваи на 1.600 учители им нудат просечна американска учителска плата која изнесува 56.000 долари, со тоа што професорите кои се специјализирани за работа со деца со посебни потреби, како и професорите кои предаваат математика и природни науки, би добиле и екстра-бонус од 6.000 долари.
Ако сте заинтересирани за работа на прекрасните Хаваи, можете да аплицирате за работа на овој
линк.