X
 13.07.2017 Култура

Клинт Иствуд снима филм за терористичкиот напад во возот кон Париз во 2015


Тројца членови во новиот филм на Клинт Иствуд
(Фото: AFP)

Филмот ќе има наслов 15:17 to Paris, а ова е 36. филм во режија на Иствуд.

Иако наполни 87 години и има четири „Оскари“ во своите раце, Клинт Иствуд сè уште не покажува знаци на замор; тој прифати да го режира филмот што ќе го опише вистинскиот настан што се случи на 21 август 2015 година, во возот од Амстердам за Париз.

Приказната тече вака – 25-годишниот Мароканец Ајуб Ел Казани, вооружен со модерна верзија на „калашников“, отвора оган врз патниците во возот. За среќа, тројца Американци, од кои двајца се припадници на американската војска, реагираат брзо и успеваат да го соборат пред да паднат првите жртви.

Ентони Садлер и двајца американски војници, Алек Скарлатос и Спенсер Стоун, го неутрализирале напаѓачот при што Стоун, кој прв тргнал на Ел Казани, бил ранет со нож. Сега сите тројца ќе имаат можност да ги демонстрираат случувањата од тој ден на филм, со оглед на тпа дека Иствуд ги ангажирал да се глумат самите себе.

По филмовите American Sniper и Sully, ова ќе биде уште еден во низата филмови на Иствуд засновани на вистински настани, за реални херои. Снимањето само што почна, а филмот се очекува да стигне во кината во втората половина од 2018 година.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура