X
 14.07.2017 Култура

„Игра на троновите“: Прашања на кои треба да одговори седмата сезона

Една од добрите работи кај „Игра на троновите“ е тоа што постојано има тензија и мистерија во приказните.

трон
Фото: НВО

Со започнувањето на седмата сезона оваа недела, знаеме дека главните теми на големата приказна ќе бидат проткаени заедно. Денерис Таргариен и нејзината собрана армија и морнарницата се упатуваат кон Кингс Лендинг. Таму, таа ќе ја најде Серсеј Ланистер на Железниот трон; иако нема некои поголеми сојузници (главно затоа што ги уби), сепак Серсеј е прилично самоуверена. На север, Џон Сноу е крунисан за крал, а Дивјаците и благородните куќи застануваат зад него.

Со уште 13 епизоди од оваа глобална сензација, тензијата е реална и сé уште постојат неколку важни прашања што чекаат одговор.

1. Кои сојузи ќе бидат формирани?

2
Фото: НВО


Се чини дека собраните сили на Таргариен ќе формираат пакт со Ланистер. Прво, целата работа со убивањето на кралот од страна на Џејми, а потоа и фактот што Тирион е единствениот Ланистер чии внатрешно-семејни акции се сметаат за несакани. Поголемото прашање е дали ордите на Есос ќе се здружат со бригадите од север. Дали Таргариен и Старк се гледаат како сојузници или како ривали?

2. Дали Белите шетачи ќе го нападнат Ѕидот?

Зимата е тука, тоа го знаеме, но најголемата битка допрва треба да почне. Оваа борба е меѓу живите и мртвите - а мртвите се оние сини зомбија што оригинално биле создадени од некои деца на дрвото. Клучното прашање е каде ќе започне битката. Ако Белите шетачи сакаат да убиваат луѓе, тогаш ќе треба да одат на другата страна од Ѕидот, а за тоа е потребен голем напор.

3. Каква улога ќе игра Семвел Тарли?

2
Фото: НВО


Најдобриот модел за родителство во Вестерос, што е едвај комплимент, го напушти братството на Најтс воч и се упати кон Хогвартс, каде штто планира да стане маестер. Маестерите се извор на сите мистични и магични знаења. Сем веќе се докажа себеси како прилично цврст, но дали ќе се докаже како тајното оружје во борбата против Белите шетачи?

4. Што со Брен Старк?


Предметот на најбавната приказна во цела серија - Брен, кому му се случи трагедија уште на почетокот на серијата и повторно во последната сезона, кога неговото мешање во времето доведе до создавањето на Ходор и потоа до смртта на Ходор, или можеби обратно. Но од болката доаѓа искуството, а последниот син на Нед сега ја презема улогата на „триокиот гавран“.

5. Кој ќе ја води куќата Старк?


Џон Сноу е кралот на северот, но Санса е принцезата Старк и дамата на Винтерфел. Во меѓувреме, Брен има право на водство на куќата. Минатата сезона видовме напнатост меѓу Санса и Џон. Гласот на Санса се појавува и во трејлерот како зборува за смртта на „осамениот волк“ и преживувањето на „глутницата“. Дали ќе видиме внатрешна борба дури и во оваа доцна етапа?

6. Кој е главниот план на Бејлиш?

3
Фото: НВО


Освен што сака да биде градоначалник на Балтимор, тој сака моќ, богатство, меѓутоа, и сака да седне на Железниот трон со Санса покрај него.

7. Каков ефект ќе има откривањето на потеклото на Џон Сноу?


Р+Л=Џ теоријата се покажа како точна. Џон е копиле, но не е на Нед Старк. Неговиот татко е Регар Таргариен, синот на лудиот крал и братот на Дени. Неговата мајка е Лијана Старк, сестрата на Нед. Така, Џон нема право да владее со куќата Старк, иако има крвно сродство. Тој исто така е Таргариен со индиректно право на Железниот трон. Работите ќе бидат прилично интересни.

8. Дали лејди Мормонт ќе ја видиме во повеќе сцени?

4
Фото: НВО

11-годишната дама беше одлична минатата сезона и се најде покрај Џон Сноу кога најмногу му требаше. Да се надеваме дека ќе ја има почесто.

9. Дали Гендри ќе се врати од бродот?


Овој човек претставува предмет на фасцинација за фановите. Нелегитимниот син на Роберт Баратеон, кој е пријател на Арја Старк и помина некое време низ шумата, беше испратен од Давос на крајот од третата сезона. Се очекува тој да се врати во финалето.

10. Дали Арја ќе ја заврши својата „молитва“?

5
Фото: НВО

Листата со луѓе кои треба да ги убие Арја за да ја заврши својата одмазда е позната како „молтива“ и содржи од 11 до 15 имиња, некои додадени, некои избришани, во зависност од тоа што Арја смета дека е злосторство против нејзиното семејство. Сега целосно квалификувана како Човек без лице, адолесцентскиот атентатор го уби Волдер Фреј, а тоа значи дека има уште две имиња на листата: Серсеј и Планината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура