Бродот, кој сам се снабдува со енергија, тргнал од Париз на патување околу светот што ќе трае 6 години, а проектантите се надеваат дека тоа ќе биде модел за идните бродови без емисија на штетни гасови.
фото извор: Tanjug
Бродот „Набљудувач на енергија“ користи соларни панели, турбини на ветер и систем со водородни ќелии за електрично напојување. Бродот чинел 5 милиони евра, а сега се движи кон Атлантикот.
Долг е 30,5 метри и има футуристички изглед. Во текот на денот ја користи енергијата на Сонцето и на ветрот, а во текот на ноќта користи од резервоарот со водород кој бродот сам го произведува преку електролиза на морската вода.
Првобитно бил проектиран во 1983 година и имал успешна кариера на трките со едрилици, а потоа капетаните Фредерик Даирел и Викторијен Ерисар, како и францускиот истражувачки институт, го претвориле во проектот „
Набљудувач на енергија“.