Фото: Profimedia
Честер Бенингтон, пејачот на мегапопуларната група „Линкин парк“ е пронајден мртов во неговиот дом во Палос Вердес во близина на Лос Анџелес.
Мртвото тело на 41 годишниот музичар било пронајдено во четвртокот наутро, а се верува дека извршил самоубиство со бесење.
Бенингтон претходно имал проблеми со дрогата и алкохолот и ова не му е прв обид за самоубиство.
Позади себе остава шест деца кои ги имал со две сопруги.