X
 20.07.2017 Наука

Научници успеале да креираат пресврт во оштетувањето на мозокот на 2 годишно девојче

Истражувачите во САД соопштиле дека креирале пресврт во оштетување на мозокот, за прв пат, откако лекувале удавено и реанимирано дете во комбинација со кислородни терапии.

Еден Карлсон/ фото извор: YouTube

Малото девојче, чие срце не чукало 2 часа по давењето, имало голема повреда на сивата материја на мозокот и церебрална атрофија. Не можела да зборува, да оди, ниту да одговара на гласови, само неконтролирано да ја тресе главата и да се грчи. Благодарение на третманите со кислород, докторите успеале да ја преобратат ситуацијата.

Давењето се случило во февруари минатата година, кога малечката се лизнала и паднала во семејниот базен. Во водата била 15 минути, па докторите се обидувале да ја повратат 2 часа. По 48 денови третман, таа била пуштена дома, но заради големото оштетување на мозокот, докторите започнале со кислородни терапии. Тоа подразбирало обезбедување на пациентот со кислород во амбиент во кој притисокот е поголем од атмосферскиот, во затворена соба, под притисок. Кислородот во крвта на пациентот се зголемува, па со тоа се нормализира нивото на кислород и се поправа оштетеното ткиво. Третманите на малечкото девојче и биле применувани два пати дневно, во времетраење од 45 минути. Веднаш добила подобрување во движењето, започнала да јаде, а потоа и да зборува со кратки реченици и да се смее. По 10 сесии, мајката на девојчето изјавила дека нејзината ќерка се враќа во нормала. По 39 сесии, нејзиното одење се подобрило, а исто така и говорот, целокупната моторна функција и когниција.

По третманите било спроведено скенирање, кое покажало дека уште има оштетување на мозокот, но искусила речиси целосно подобрување на атрофијата на сивата материја. Иако научниците не можат комплетно да го разберат целокупниот случај, сепак е факт дека кислородните терапии помагаат во преживување на мозочните клетки.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука