X
 20.07.2017 Технологија

Отсега на Google Feed на мобилните телефони ќе може да гледате вести според вашите интереси

„Гугл“ го унапреди својот пребарувач за мобилните телефони, па така наскоро би требало да биде вклучен персонализиран ѕид на новости, зависно од вашите интереси. Со овој потег „Гугл“ станува директен конкурент на социјалните мрежи, особено на „Фејсбук“, пренесува Ројтерс.

потпретседател
Фото: AFP

Од „Гугл“ порачуваат дека најпрвин оваа новост ќе се појави во Америка, а во текот на останатите недели и во другите земји.

Од компанијата тврдат дека не им била намерата да го копираат „Фејсбук“, туку да создадат „поинаков приказ на релевантните резултати од пребарувањата“.

„Google Feed се занимава само со вашите лични интереси, а не и со оние што ги интересираат вашите пријатели“, изјавил Бен Гомез, потпретседател на „Гугл“.

Google Feed би требало да сугерира содржина врз основа на вестите што корисникот ги барал на пребарувачот, но и останати услуги кои ги дава „Гугл“, како Youtube, Gmail, и Google Calendar. Освен што Google Feed ќе биде во мобилна апликација, компанијата размислува некој друг облик да му се приклучи на интернет-пребарувачот, изјавил Шаши Такур, исто така потпретседател за инженерство.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија