X
 25.07.2017 Живот

Границата која наскоро може да се претвори во вистински пекол

granica

Израел стравува дека моменталниот мир на границата со Египет во секој момент може да се претвори во вистински пекол. Неговите стравови се зголемија по неодамнешните напади на ИД („Исламската држава“) на египетската војска во Синај, поради што израелската војска во соработка со египетските колеги работи на тоа да го спречи секој напад од оваа организација во Израел.

Иако се чини дека е мирно и под контрола, Рои Каис, дописник на израелскиот весник „Yedioth Ahronoth“, вели дека во Израел постојат стравувања дека мирот на границата со Египет во секој момент би можел да се претвори во пекол. Додава дека тишината не смее никого да измами.

Се напоменува дека Египќаните и Израелците се свесни дека прашање на време е кога ИД ќе изврши нов напад. Тој нагласува дека за безбедноста на границата е задолжена единица основана во 2007 година, која е дел од јужната команда на израелските воени сили.

Единицата е формирана со цел да се бори против нелегалните имигранти кога се случил големиот бран на африканска миграција. Пред две години, односно со појавата на групата „Бранители на Ерусалим“, лојална на „Ал Каеда“, функцијата на оваа единица е драстично променета.

Од друга страна, граничната линија ја бранат египетските граничари кои сè почесто се соочуваат со нападите на ИД во Синај.

Според извори, нападите на ИД во близина на границата се само прашање на време, а војската работи на тоа да го спречи. Се развиваат сите можни сценарија за навреме да се реагира на терористичките закани. Едно од најлошите сценарија за Израел би бил обидот да се шверцува камион со експлозив на преминот Нитзана, а потоа навлегување во територијата на Израел, што не е невозможно.

2

Пред неколку години Израел дозволил Египет да отстапи од параметрите што се однесуваат на мировниот договор од Кемп Дејвид и ѝ овозможиле на владата да го зголеми своето воено присуство во регионот. Така од некогашните три до четири баталјони на египетската војска во Синај, дошле до дваесет баталјони.

Египетската армија е засилена со борбени авиони, оклопни возила и артилерија со цел успешно да се справи со терористичката група ИД.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот